Затвореници од Куманово и Прилеп ги немало на Избирачкиот список
Мониторингот на ЦИВИЛ утврди дека 38 затвореници од одделенијата во Прилеп и Битола неможеле да го остварат своето право на глас затоа што ги немало во Избирачкиот список.
„Во мониторингот на ЦИВИЛ на гласањето во КПУ низ земјата, се бележат неколку други недостатоци. Во КПУ Куманово, од 56 лица, само 38 се на Избирачкиот список. Во КПУ Битола, 20 лица недостасуваат во Избирачкиот список“, објави ЦИВИЛ.
Во КПУ Прилеп и Битола се забележува дека на гласачите не им било дозволено гласањето со т.н. „домска карта“, за разлика од сите други КПУ каде што тоа било дозволено.
„Некаде околу 9 часот, овој проблем е надминат и сега гласачите во КПУ Прилеп и Битола можат да го остварат своето право на глас со „домска карта“, како и во сите останати КПУ“, додава набљудувачот.
