Затворена улицата „Пластичарска“, гори објект
Фото: 24 Инфо
Полицијата поради пожар го затвори делот од скопскиот булевар „Никола Карев“ на потегот кон Бит Пазар каде што работат голем број на комерцијални објекти.
Од она што е познато засега е само тоа дека во моментов гори објект во близина на популарната „Пластичарска улица“.
Улицата е затворена поради безбедност и брза интервенција, информира 24 Инфо.
Од МВР и од Противпоѓарната бригада засега нема детали за пожарот.
Слично
