Затворен уште еден регионален пат поради снег
АМСМ рано утрово извести дека сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – село Нерав е во прекин за сите возила во двата правци.
Како причина се наведува обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот. Од таму додаваат дека забрана за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Маврово и Крива Паланка-Деве Баир.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.
Слично
