Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАТВОРЕН ПАТОТ РЕСЕН - БИТОЛА ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА: возилата се пренасочуваат по стариот пат (ДОПОЛНЕТО)

ЗАТВОРЕН ПАТОТ РЕСЕН - БИТОЛА ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА: возилата се пренасочуваат по стариот пат (ДОПОЛНЕТО)

Кај местото викано Макази се случила тешка сообраќајна несреќа. 

Според АМСМ патот Ресен - Битола е целосно затворен и возилата се пренасочуваат по статиот пат.

Според информации добиени од полицијата, во сообраќајка која попладнево се случила на регионалниот пат А3,  Битола-Ресен кај местото викано Макази загина 46 - годишен маж од ресенско село.

Од СВР Битола информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило марка „БМВ" со ресенски регистарски ознаки управувано од 46 - годишен жител на ресенско село кој удрил во патничко возило марка „Пежо" со битолски ознаки, а потоа патничкото возило „Пежо“ удрило во друго патничко возило марка „БМВ" со ресенски ознаки управувано од 47 - годишен жител на ресенско село со кого бил и сопатник. 

Од ударот на лице место починал 46 - годишниот возач на „БМВ", а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило „БМВ" се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. 


Слично

Поврзани вести