Економија, финансии, бизнис

Контакт

Затвор од 17 години и протерување од Македонија за Кадир Кара, кој уби сонародник во Штип

Затвор од 17 години и протерување од Македонија за Кадир Кара, кој уби сонародник во Штип

Основниот суд во Штип му изрече казна затвор од 17 години на Кадир Кара, турски државјанин кој призна дека го убил својот сонародник во кафуле на градскиот плоштад. Покрај затворската казна, на Кара му е одредена и мерка протерување од државата, која ќе се изврши откако ќе ја одлежи казната во македонски затвор.

Пресудата следува по признанието на вина за кривичните дела „убиство“ и „неовластено држење на оружје“.

Инцидентот се случи на 8 мај лани. Убиецот се обиде да побегне кон Скопје со помош на неколку лица, но полицијата го пресретна на наплатната рампа на автопатот „Гоце Делчев“.

фото МИА

Слично

Поврзани вести