Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАТЕКНАВМЕ ЦЕЛОСНО ОПОЖАРЕН СТАН, ПЛАМЕН ИЗЛЕГУВАШЕ ОД ПРОЗОРЦИТЕ - Еве ги деталите од несреќата во Хром каде загина 35 годишен маж

ЗАТЕКНАВМЕ ЦЕЛОСНО ОПОЖАРЕН СТАН, ПЛАМЕН ИЗЛЕГУВАШЕ ОД ПРОЗОРЦИТЕ - Еве ги деталите од несреќата во Хром каде загина 35 годишен маж

Маж на возраст од 35 години со иницијали И.Ј. е лицето кое денес почина во пожар кој избувнал во стан во скопската населба Хром. 

Како што информираа од протипожарната екипа претходно, едно лице беше пронајдено починато по гасењето на пожарот, кој денеска избувна  во стан на улица „Исаија Мажовски“ во Хром. 

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје изјавија дека утрово, во 9:35 часот имале пријава за пожар. 

- Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со пламен кој излегуваше надвор од прозорците - изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна единица Звонко Томески.

На местото биле илезени и екипи на итната медицинска помош, а нема други повредени лица. 

Немилиот настан го потврдуваат и од МВР, од каде посочија дека станува збор за триесет и петгодишен маж кој починал изутринава во пожар во зграда во скопската населба Хром. 

Според известувањето од МВР пожарот бил пријавен во 9 часот и 47 минути во стан на улицата Исаија Маџовски. 

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита а во опожарениот стан пронајден починат е И.Ј. (35) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Слично

Поврзани вести