Заталкано зрно завршило кај куќа во Студеничани, го пробило лимениот покрив на влезот
Жител на скопско Студеничани пријавил во полиција дека кај влезот од неговата куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје.
Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 21 јуни во 15.05 часот во СВР Скопје од страна на 35-годишниот Р.Р. од селото Студеничани.
Зрното го пробило металниот лим со кој биле покриени скалите и влезот на куќата. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Целото соопштение
„На 21.06.2026 во 15:05 часот во СВР Скопје, Р.Р.(35) од с.Студеничани, скопско, пријави дека кај влезот на неговата куќа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое го пробило металниот лим со кој биле покриени скалите и влезот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
