Економија, финансии, бизнис

Контакт

Застрашувачки бројки во Битола: 200 првачиња помалку од лани, наместо 100 негатива

Застрашувачки бројки во Битола: 200 првачиња помалку од лани, наместо 100 негатива

Поради „белата чума“ и иселувањето утре во училиштата на ниво на општина Битола ќе тргнат за 200 помалку првачиња во однос на лани, иако тие според наталитетот пред шест/седум години требало да бидат барем за 100-тина во минус.

Во оваа учебна година на училиште тргнуваат родените во 2012, кога во Битола, според податоците на Државниот завод за статистика, имало 881 живородено дете.  Но во прво одделение се запишани 782 ученика, а разликата од 99 покажува дека  најверојатно тие деца  веќе не живеат во Битола.  Исто така и намалениот наталитет ги празни битолските училишта, каде годинава има 200 првачиња помлаку од лани. 

Веста ја потврди и директорката на ОУ„Климент Охридски“.

- Бројот на запишани првачиња во оваа учебна година е 104, тоа е помлаку од минатата година за околу 40 ученици, вели директорката на ОУ „Климент Охридски“- Битола, Гордана Анастасова.


Слично

Поврзани вести