Економија, финансии, бизнис

Контакт

Застој кај Прилеп-Битола по тешката сообраќајна несреќа

Застој кај Прилеп-Битола по тешката сообраќајна несреќа

Според информации на АМСМ магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на село Српци од 4:40 часот е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа, а сообраќајот се пренасочува по стариот пат. 

Од вчера има измена на режимот на сообраќајот на магистралниот пат А2, делница Кичево-Охрид (Пресека-Песочани) поради изведување на градежни работи. Режимот на сообраќај е предвиден со преминување од една на друга сообраќајна лента, а ќе трае до завршување на градежните работи. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 


Слично

Поврзани вести