Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСТАРЕ „МОЌНИК“: Милошоски ќе одговара за измама, но не и за злоупотреба на службената положба

ЗАСТАРЕ „МОЌНИК“: Милошоски ќе одговара за измама, но не и за злоупотреба на службената положба

Застаре делото во случајот „Моќник“, така што пратеникот Антонио Милошоски ќе одговара само за измама, но не и за злоупотреба на службена положба. 

Милошоски, неговиот татко и други лица се спасија од одговорност за злоупотреба на службената положба при продажба на објект во сопственост на општина Македонски Брод, откако поради измените на Кривичниот законик застаре предметот „Моќник“.

„Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите на КЗ, донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, судењето за кривично дело измама, продолжува на следната расправа закажана за 09.11.2023 година“, се вели во соопштението на Основен кривичен суд.

Поранешното СЈО пред неколку години го отвори случајот „Моќник“.

Слично

Поврзани вести