Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заслужува ли Нухиу се уште да биде дел од МВР?

Заслужува ли Нухиу се уште да биде дел од МВР?

Агим Нихиу повторно ќе биде дел од Mинистерството за внатрешни работи бидејќи е предложен од страна на ДУИ за заменичкото место покрај новиот министер Оливер Спасовски од СДСМ. МВР во изминатиот период претрпе најмногу рокади, министри стануваа заменици и обратно, Оливер Андонов беше министер само еден ден, а Нихиу беше со целосно врзани раце за време на Крвавиот четврток кога малку фалеше пратеници да бидат линчувани до смрт од гневни напаѓачи.

По 27 април уште на првата прес конференција Агим Нихиу посочи дека чуствува морална одговорност за начинот на кој се одвиваше интервенцијата на полициските сили од кои многу службеници наместо да слушаат наредби од МВР следеле партиски инструкции и задачи. 

Најпрво имаше упад на насобраната толпа од протестите, за потоа во прес салата на Собранието на организиран и добро координиран начин преку лица со фантомки да се стигне до пратениците на СДСМ и нивните коалициони партнери неколку минути по изгласувањето на Талат Џафери за нов спикер. 

Нихиу рече дека би ја поднел својата оставка но, бидејќи ситуацијата беше таква во која Собранието не беше во нормална функција немаше кој да му ја констатира. Владата не може да остане без министер се до следниот избор што беше практично неизводливо во тој момент. Затоа, од денешна дистанца Нихиу прашање е дали воопшто заслужува повторно да биде дел од министерскиот кабинет на МВР во овој контекст.

Одговорноста за пропустите кај дел од структурите на МВР се бара во оперативниот штаб, кој бил формиран на денот кога почнаа протестите на иницијативата за Заедничка Македонија, а со него раководел директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Министерот за Внатрешни Работи, Агим Нухиу, кој од потоа го презеде раководењето на оперативниот штаб за виновник за состојбите го посочи токму Митко Чавков кој два часа не бил достапен на денот на протестите ниту пак министерот бил во можност да ги спроведе своите наредби на терен. Дури доцна во ноќта група на специјалци влегоа во Собранието, ги обезбедија пратениците и новинарите, ја повратија контролата над толпата и ја извршија операцијата на евакуација, како и сузбивање на демонстрантите.

На МВР сега и претстојат тешки реформи кои може да предизвикаат многу искри бидејќи огромен предизвик ќе биде да се намалат партиските влијанија, да се искорени МВРО-ВМРО и да не се дозволи да се формира ново такво квази министерство од страна на СДСМ и ДУИ.

Автор: Христијан Станоевиќ

Слично

Поврзани вести