„ЗАСЛУГА ЗА ИЗГРАДБАТА НА ОВАА САЛА ИМА НЕКОЈ ПРАТЕНИК, КОЛКУ ШТО ИМА МОЈОТ ШЕСТМЕСЕЧЕН ВНУК“: Јакимовски вели дека Мицкоски лаже
Откако на пуштањето на спортската сала димо хаџи димов во Карпош, премиерот Христијан Мицкоски на официјалното пуштање во употреба, рече дека проектот бил закочен, се огласи екс градоначалникот на карпош Стевчо Јакимовски, кој нагласи дека Мицкоски лаже.
„Не можам да се изначудам зошто овој човек има толкава патолошка потреба да лаже?
Проектот ниту бил заглавен, ниту тие го одглавувале. Повеќе наменска спортска сала Димо Хаџи Димов со 400 гледачи е проект изработен од мене уште во 2017та година. Успешно е спроведена Јавна Набавка во Октомври и избран е економски оператор.
До утре 13 Февруари 2026та година, има точно 90 дена откако тој постави свој градоначалник во Општина Карпош. 90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле. Бидејќи има многу мерак да одговара на прашања, еве нека одговори: Во што бил проектот закочен и што тие откочиле?
Кога се кај откочувањето, што не си ја откочат градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 1? 45 дена откако е завршена и не ја пуштаат во употреба.
Им се заблагодарува на советниците. Веројатно знае дека истиот овој проект токму неговите советници од Вмро-Дпмне не го гласаа.
И не знам на кој пратеник мисли, бидејќи од Карпош има двајца. Ама кој и да е, заслуга за изградба на оваа сала има некој си пратеник, колку што има мојот шестмесечен внук“, напиша тој.
