Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засилено полициско присуство во центарот на Скопје поради тепачки и кражби

Засилено полициско присуство во центарот на Скопје поради тепачки и кражби

Полицијата ќе биде засилено присутна во центарот на Скопје поради очекуваната поголема фреквенција на кражби и тепачки во пресрет на Нова Година.

Засилено полициско присуство веќе е видливо деновиве на најфреквентните делови во Скопје.

Полициски патроли и возила, има кај кафаните во Дебар маало, на плоштадот Македонија, околу трговските центри, но и во самите објекти.

Од полицијата за МИА велат дека овие патроли се распоредени превентивно во пресрет на празниците, кога сите одат во шопинг, но и се одржуваат предновогодишните прослави, за да се спречат кражби, тепачки или други инциденти.


Слично

Поврзани вести