Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засилено полициско присуство во Центар

Засилено полициско присуство во Центар

Министерството за внатрешни работи информира дека е засилено полициското присуство во Центар заради поголема безбедност, по бројните инциденти, загриженост од граѓаните и повици од самата скопска општина. Според она што го соопштува министерството, може да се заклучи дека присуството е засилено онаму каде што вообичаено се собираат младите во текот на вечерта.

„Синоќа (11.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт“ и ул „Васил Ѓорѓов“ пекара Силбо, Порта Македонија итн“, информира МВР.

Спроведени биле и сообраќајни контроли на улиците „Народен Фронт“, „Орце Николов“ и „Боемска“. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, вели МВР.


Слично

Поврзани вести