Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заштитни маски од штипските пензионери

Заштитни маски од штипските пензионери

Штипските пензионери од рано утринава на пет пунктови им поделија околу 2500 заштитни маски и ракавици на членовите на Здружението на пензионери. Претседателот на Здружението, Ристе Нетков, вели дека овие маски се изработени од вредните раце на пензионерките.

-Здружението на пензионери денеска, исто така, донираше по 100 заштитни маски на Здружението на трудови инвалиди и Здружението на слепи од Штип. Оваа акција ќе продолжи и понатаму, но со апел до пензионерите да седиме дома и да го заштитеме здравјето наше и на нашите најблиски, изјави Нетков.


Слично

Поврзани вести