Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зашов: И други пратеници од опозицијата ќе гласаат за договорот

Зашов: И други пратеници од опозицијата ќе гласаат за договорот

Гласањето покажа дека во Македонија може да се најдат доволно сили да се продолжи процесот на спроведување на договорот од Преспа кој е услов за наше интегрирање, вели за Фактор, Благоја Зашов, дипломат, пооранешен амбасадор и потпретседател Собранието. Вели дека актуелната опозиција е ригидна и мисли само на своите интереси и на тоа како да се дограби на власт.

„Морам да кажам дека сликата што ја видов во Парламентот беше доказ дека таму во партијата ВМРО-ДПМНЕ постојат сили кој сакаат да го закочат демократскиот процес и со притисоци и уцени ги сопираат парламентарците слободно да се изјаснат. Тоа од друга страна покажува дека зад сите овие спротиставувања стои нечија рака некој со тоа раководи. Не од пратениците и сегашното раководство, туку некој од оние кој се наѓаат во судските лавиринти, вели Зашов.

Тој е категоричен дека за ова Владата добила легитимет од граѓаните кои излегле да гласаат на референдумот. Зашов вели дека во следните фази можно е и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.

„така ќе с еистера процесот до крај. Нужно е да се спушти топката меѓу власта и опозицијата. Општетството се подели, а на долг рок тоа е лошо. Сепак ќе кажам дека криминалот не треба да се амнестира, вели Зашов. 

Ѓ.Т.

Фото: Радио Слободна Европа


Слично

Поврзани вести