Засега нема нови рестриктивни мерки во Македонија
Нема затворање и построги мерки поради новите соеви на коронавирусот.
Ситуацијата со коронавирусот е стабилна и нема потреба од рестриктивни мерки, ниту ограничувања за влез во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сега фокус треба да се стави на вакцинацијата, а не да живееме затворени. ВМРО-ДПМНЕ денеска побара да се имплементираат 15- те мерки кои ги тие ги предложија за да се спречи ширење на делта сојот во земјава меѓу кои забрзување на процесот за вакцинација, зголемување на контролата на границите, достапност до тестови за целото население.
foto freepik
Слично
