Економија, финансии, бизнис

Контакт

Засега нема дополнителни рестриктивни мерки, но граѓаните да внимаваат

Засега нема дополнителни рестриктивни мерки, но граѓаните да внимаваат

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Во согласност со методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19, утврдено е дека РСМ се наоѓа во зелена зона со доволни капацитети за згрижување на пациентите со Ковид-19, Инаку, зголемувањето на бројот на нови случаи изнесува 79.9 отсто.

На состанокот беше разгледано и прашањето за достапноста на тестовите за Ковид-19, при што Комисијата препорача двојно зголемување на капацитетите за тестирање на институциите кои се надлежни за тоа, како и следење на состојбата за евентуално овозможување дополнителни капацитети таму каде што е потребно. 

Комисијата во моментот не препорачува дополнителни рестриктивни мерки и апелира до граѓаните да внимаваат на сопственото здравје, да избегнуваат посети во затворени и невентилирани простории, освен кога тоа е неодложно и во тие случаи се препорачува носење заштитна маска и одржување дистанца. 

За 24 часа во земјава има 504 нови случаи на ковид -19. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести