Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАСЕГА НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ИМА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ИСПИ КОРОЗИВНО СРЕДСТВО - полицијата испитува како тоа се нашло во кафулето

ЗАСЕГА НЕ СЕ ЗНАЕ КАКВИ ПОСЛЕДИЦИ ЌЕ ИМА БИТОЛЧАНЕЦОТ КОЈ ИСПИ КОРОЗИВНО СРЕДСТВО - полицијата испитува како тоа се нашло во кафулето

Битолчанецот кој пред пет дена имаше труење со корозивно средство во кафуле во Битола, е во стабилна состојба но со големи оштетувња на хранопроводот и желудникот.

Според докторите од Клиниката за токсикологија, засега не може да се каже со какви и кои последици ќе се соочи човекот. Последиците од ваквите труења се манифестираат подоцна.

Битолчанецот во вторникот попладне седнал во кафе барот каде нарачал кафе и вода. По правата напиена голтка вода тој почувствувал лош и болен вкус и почнал одма да повраќа. Тој добил силни болки и печење во грлото, хранопроводот и целиот стомак и одма бил однесен во битолската болница, а потоа со возило на итна помош бил пренесен на Клиниката за токсикологија

СВР Битола направила увид на местото со цел да се објасни како корозвино средство било послужено како вода на масата каде седел 42 годишниот битолчанец.

Слично

Поврзани вести