ЗАРОБЕНА ДРЖАВА: И ЕУ утврди дека судовите и Судскиот совет се партизирани тела - еве што велат од „Левица“
Нова реакција од политичката партија „Левица“ околу темата која најчесто се споменува во медиумите и која создава најголеми потешкотии во нашите аспирации за членство во Европската унија.
Како што истакнаа претставниците на „Левица“, корупцијата на елитистичките партии и криминалниот судски систем останува најголема пречка на патот на Македонија кон Европската унија.
- Заробената држава, заедничката амнестија на криминалците од ДПМНЕ, СДС и ДУИ, како и целосната партизираност на обвинителството и судовите ја носат државата кон сé подлабоко дно. Извештаите и Оценските мисии на ЕУ ова постојано го истакнуваат, а најновата шлаканица на антицивилизациската влада на СДС-ДУИ се огромниот број, вкупно 40 препораки на ЕУ за справување со проблемите во судството и ослободување на Судскиот совет од целосната контрола на корумпираните политичари - пишува во објавата на претседателот на „Левица“, Димитар Апасиев на Фејсбук.
Од таму истакнуваат дека препораките од ЕУ се резултат од работата на Оценската мисија на ЕУ, која во изминативе месеци ја скенираше работата на Судскиот совет, откако ова тело беше дел од низа скандали и стана синоним за нефункционалното и заробено судство во Македонија.
- Иако целосниот текст на извештајот сé уште се крие од јавноста, презентирани се заклучоците дека слабостите во судството се резултат на акумулирани проблеми кои се таложеле изминатите три децении од корумпирани влади, и дека судовите и Судскиот совет се партизирани тела на кои им се потребни итни и суштински реформи - посочува „Левица“.
Додаваат, дека поради ваквата состојба експертскиот тим на ЕУ предлага реформи.
- Нотиран е проблемот кој го создава формулацијата за избор на член на Судски совет „истакнат правник“, а партиите го злоупотребуваат поставувајќи анонимуси и неспособни партиски послушници. Овие партиски послушници ги оценуваат, разрешуваат и назначуваат судиите. Воедно се акцентира и потребата од законски и уставни измени во однос на начинот на избор и составот на Судскиот совет - посочуваат од партијата.
Еве што се напишаа од „Левица“ во нивната објава:
