Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заразената директорка ќе биде разрешена денеска

Заразената директорка ќе биде разрешена денеска

Денеска ќе биде разрешена директорката на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Биљановска, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека има таква можност и покрај тоа што е предизборен период, му укажала претседателката на Комисијата за спречување на корупцијата.

Филипче рече и дека денеска ќе биде назначен вршител на должност директор на оваа клиника. 

Денеска од Лекарската комора изјавија дека директорката на Клиниката за кожни болести која била во Италија, а не ги почитувала препораките за самоизолација и доаѓала на работа, засега може да добие само јавна опомена.

За опомената утре ќе одлучува етичката комисија на Комората, а опција за одземање на лиценцата, како што велат, засега нема бидејќи нема судска одлука.


Слично

Поврзани вести