Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАРАЗЕНА Е ЖЕНА ОД ТЕTOВО: Регистриран е трет случај на западнонилска треска во Македонија

ЗАРАЗЕНА Е ЖЕНА ОД ТЕTOВО: Регистриран е трет случај на западнонилска треска во Македонија

Регистриран е трет случај на заболен од западнонилска треска во државата. 

Трет случај на заразен со вирусот западнонилска треска во Македонија регистрираше Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Станува збор за 60-годишна жена од Тетово, која негира дека била на патувања надвор од земјава, како и надвор од местото на живеење во период на инкубација.

Заразената забележала каснувања на комарци 15 денови пред почетокот на првите симптоми. Од ИЈЗ велат дека пријавата била на 22 месецов. 

Во соопштението од ИЈЗ се вели дека првичните симптоми кај пациентката почнале на 13 август и таа имала малаксаност и општа слабост. Со овие симптоми пациентката се јавила на матичен лекар каде што и била дадена терапија. Два дена подоцна кај пациентката се појавила конфузност и дезориентираност и била препратена во Клиничката болница во Тетово каде што била забележана покачена температура и треска. 

Постои веројатност за понатамошно пријавување на нови случаи на цела територија на земјава. Постои среден ризик за населението во пролетно-летниот период, но истиот може да се сведе на минимум со почитувањето на препораките за превенција. 

Слично

Поврзани вести