Заради сличности во изборот на жртвата и суровоста на делото се испитува дали убиецот од Куманово извршил и други убиства
Поднесена е кривична пријава за убиство на свиреп начин во кумановско, а се испитува поврзаност и со други случаи, објави Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 27.01 до 12.02.2026, осомничениот во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година.
Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи и повеќе удари со кои и нанел тешки телесни повреди, од кои жената починала - се посјанува во нивното соопштение.
Осомничениот од моментот на неговото откривање веднаш е лишен од слобода и обезбеден, а по предлог на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор, велат од МВР.
Воедно е наредено и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица - форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.
