Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заради грчка секретарка ОМД бара оставка од Нимиц

Заради грчка секретарка ОМД бара оставка од Нимиц

Обединета македонска дијаспора му забележува на медијаторот Метји Нимиц дека има конфликт на интереси затоа што неодамна вработил секретарка која има грчко потекло, но и поради донации добиени од грчки лобисти, па затоа бара негова оставка и назначување на нов посредник од Обединетите нации.

„Со последниот обид од 17-ти јануари за наводното решавање на спорот, ОН и нивниот медијатор Нимиц продолжуваат да ја прекршуваат Привремената спогодба од 1995 година и не ја почитуваат Универзалната декларација за човекови права, каде е вклучен принципот за самоопределување. 137 земји-членки на ОН, меѓу кои и 4 постојани членки на Советот за Безбедност на ОН, ја признават Македонија под нејзиното име, но ОН сѐ уште не го променува својот став и преку медијаторот Нимиц инсистира Република Македонија да продолжи со разговори за своето име.

Апелираме до Владата на Република Македонија веднаш да ги прекине разговорите и да поднесе резолуција до ОН со јасно барање да биде призната под Република Македонија, а не привремената референца.

Обврска на Нимиц, како медијатор на ОН, е да ја почитува пресудата на Меѓународниот суд за правда од 2011 година која тврди дека Грција ја прекрши Привремената спогодба со блокирањето на влезот на Македонија во НАТО“, соопшти ОМД и додава дека активно ќе делува во сите држави да го промовира, а не да ги уништува македонското име, јазик и култура, соопштуваат од ОМД.


Слично

Поврзани вести