„ЗАРАДИ ДИРЕКТОР ШТО ЗЕМАЛ МИТО, НА ВМРО-ДПМНЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА РУШЕЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА ПОЛИТИКА ВРЗ ГЛАВА“. Гордан Георгиев за скандалот со ИПАРД
Порашениот пратеник на СДСМ и актуелен професор Гордан Георгиев, во синоќешното гостување на Канал 5 телевизија, истакна дека заради корумпирани директори, на ВМРО ДПМНЕ му се заканува рушење на целата земјоделска политика.
„Го кажувам примерот за ИПАРД и апсењето на директорот на ИПАРД. Луѓе, целата политика во ВМРО била земјоделска, ВМРО била земјоделска партија, така? Добро, Велија ја даде идејата за субвенции на времето, но земјоделска партија е. Опасноста сега за ВМРО е да му се сруши од глава целата земјоделска политика, затоа што некој таму директор што бил ставен од не знам од кој град, украл 400 евра или барал мито до 50 илјади евра. Се се руши тука и ние ако не успееме тоа да го превенираме, се разбира дека секогаш ќе има расипани јаболки, можеби и премногу расипани јаболки во кошницата, но ако тоа не го решава системот, готово е, рече тој.
