ЗАРАБОТУВАЛЕ НЕЛЕГАЛНО СО ОРГАНИЗИРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА БЕЗ ЛИЦЕНЦА: Двајца млади тетовчани зад решетки
Двајца млади Тетовчани се уапсени поради организирање на игри на среќа, за што немале дозвола за работа.
Како што посочуваат од Министерството за работа, двете лица работеле во обложувалници со дозвола за работа, но своите работни позиции ги искористиле за организирање игри без лицена.
- На 04.11.2023 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - ОЕК и СВР Тетово во содејство со УЈП и Државен инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во спортски обложувалници во Тетово и во тетовско.
Притоа биле лишени од слобода Т.К.(30) и М.М.(23), двајцата од тетовско, вработени во две од контролираните обложувалници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело приредување игри на среќа без лиценца.
Во нивните мобилни телефони биле пронајдени онлајн платформи за игри на среќа без лиценца. Притоа, од две обложувалници биле одземени по 5 компјутери, а од една 6 компјутери кои немале лиценца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на авторски права и сродни права".
Неправилности се констатирани и од страна на УЈП. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци - посочуват од МВР.
