ЗАРАБОТКА ДО 2200 ЕВРА: Работи и по 10 часа дневно, но е задоволен
Данило Букарица од Нови Сад работи како шеф на кујна во Хрватска, а платата е до 2.200 евра.
Но, оваа сума е достапна за оние кои работат по 10 часа дневно, плус има и бакшиш.
„Со години наназад готвачите беа потценети во Србија, премалку платени за она што го работат, за многу часови тешка физичка и психичка работа, и по сето тоа некои продолжуваат да се занимаваат со оваа убава професија, но во други поцивилизирани држави“ - вели тој за сајтот Мој Нови Сад.
За неколку дена овој човек целосно се снашол во Хрватска, со сместување, и бил задоволен и од односот на газдите.
Тој 12 часа патувал од Белград до Шибеник каде го чекал посредникот за работа.
Сезоната за готвачи почнува во март, а завршува во ноември.
Додава дека од бакшиш може да се заработи уште пола плата.
Ако спореди со преку океанот, вели дека во Хрватска е полесно сезонски да се работи, и притисокот е помал.
