ЗАРАБОТИЛ МНОГУ ПАРИ, АМА НИТУ ГИ ПРИЈАВИЛ ВО УЈП, НИТУ ПЛАТИЛ ДАНОК - кривична за 55 годишен скопјанец
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
„Пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари ( 39.500 евра -н.з.) не ги пријавил како друг доход, не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари (3.850 евра - н.з.) согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари (3.840 денари)“, се вели во соопштението од МВР.
