„Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Основниот кривичен суд Скопје.
По ова беше дадена пауза за да се ослучи на барањата за притвор.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Прес24
Емотивно и зачудувачки. Ова сигурно се случува прв пат во македонските судови.
На денешното рочиште за случајот „Софтвери“, еден од обвинетите, Даниел Станчев ја запроси за сопруга обвинетата Ирена Ивановска откако обвинителката побара притвор за него, токму со зборовите дека може да избега бидејќи не е женет и нема семејство.
Во неговото обраќање до судиката, обвинетиот се сврти кон Ивановска за која се бараше 3 и пол години затвор, кажа дека е вљубен во неа и ја побара за жена.
- Во однос на мојата семејна состојба која за обвинителката е околност дека како неженет би се дал во бегство, еве со моето срце јавно ја прашувам Ирена Ивановка дали ќе се омажи за мене. Дали ти после осум години ќе омажиш за мене. Ти си единствената причина поради која останав во оваа земја - клекна на колена Даниел, а Ирена Ивановска му одговори со „да“, пренесува „Прес24“.
Судијката им честиташе пред да се повлече од судницата за да решава дали ќе им одреди притвор, а останатите во судница останаа со изненадени лица.
„Прекрасен момент за вас двајца, ви честитам“, рече судијката Фанка Јанчулева Михаиловска од Основниот кривичен суд Скопје.
По ова беше дадена пауза за да се ослучи на барањата за притвор.
Фото: Принтскрин/Фејсбук/Прес24