Економија, финансии, бизнис

Контакт

Одложен стартот на судењето против Латас и инфлуенсерот Лазаров

Одложен стартот на судењето против Латас и инфлуенсерот Лазаров

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска требаше да започне судењето против новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров по контроверзната емисија која предизвика негативни реакции во јавноста.

До одложување дојде поради тоа што адвокатката на Латас беше истовремено на друго судење и не можеше да присуствува на денешното прво рочиште.

И двајцата тогашни соговорници се обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, а во меѓувреме добија забрана за јавен настап.

Обвинети се за ширење расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

На Латас му е одземен и пасошот. Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска. 


Слично

Поврзани вести