Започнува судењето на Стаменковски, сопственикот на „Доказ М“
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да се одржи првото рочиште од судењето против sопственикот на веб-порталот „Доказ М“, Марјан Стаменковски, за кој Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог на 17 февруари.
Oбвинетиот се товари дека преку неговиот веб порталот сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Во меѓувреме тој доби нови 30 дена притвор. Во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, Стаменковски ќе остане до втората половина на март.
Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот. Пријавите се од две новинарки и еден владика.
Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а судењето е насрочено во 10 часот во судница десет.
– Предметот бил оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и од почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на веб порталот во негова сопственост – информира претходно ОЈО Скопје.
Веќе е објавено дека преку веб порталот во сопственост на обвинетиот биле објавувани серија текстови со кои во повеќе наврати се шири омраза и нетрпеливост.
