Започнува реконструкцијата на пругата меѓу Куманово и Шупљи Камен
Поради подготвителни работи за реконструкција на железничката линија на делницата Куманово-Бељаковце меѓу станиците Куманово и Шупљи Камен ќе има сообраќај на железнички шински возила, односно пругата ќе биде во сообраќај, информираат од јавното претпријате МЖ Инфраструктура.
Веќе 20 години, железничката линија на потегот од Коридорот 8 помеѓу Куманово и Бељаковце не е во функција. „Со цел да се зголеми безбедноста на пругата се известува месното население, кое гравитира во областа на железничката линија да се запознае со новонастанатата ситуација и да ги почитува прописите за преминување на пругата и движење покрај неа“, велат од Железници.
Изградбата на пругата од Куманово до Бељаковце во должина од 31 километар треба да почне на почетокот на следната година за што веќе е обезбеден кредит од Европската банка за обнова и развој во износ од 46,4 милиони евра.Реконструкцијата на оваа пруга е прва од трите планирани фази за целосно завршување на источниот дел од Коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија, во должина од 89 километри.
Слично
