Започнува изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Битола за 21,7 милиони евра од ЕУ
Министерството за животна средина и просторно планирање го најави официјалниот почеток на реализацијата на проектот за проектирање и изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Битола, како еден од клучните еколошки проекти во државата.
Проектот опфаќа изградба на пречистителна станица, рехабилитација и надградба на канализациска мрежа и целосно подобрување на условите за управување со урбани отпадни води.
- Проектот ќе обезбеди подобри санитарни услови, заштита на реката Драгор и Вардарскиот слив, како и заштита на подземните води. Пречистителната станица е проектирана за да им служи на над 110 илјади жители’, изјави вицепремиерот Изет Меџити.
Вкупна вредност на изградбата на пречистителна станица е 21,7 милиони евра, а истиот ќе го изведуваат компаниите Лантаниа од Шпанија, Стентон Градба од Македонија, Карканиас од Грција, и тоа во времетраење од 2 години. Надзор на изградбата ќе изврши компанијата Ептиса од Шпанија, со договор вреден 1,06 милиони евра за период од 2025 до 2028 година.
Проектот е финансиран од Европската Унија и општата цел е да се подобри инфраструктурата за собирање и третман на комунални отпадни води.
Слично
