„Започнавме со акција за уредување на надвозникот Влајко“: Лукровски со фотографии од чистењето
Гадоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски на својот Фејсбук профил објави дека е спроведена акција за чистење на надвозникот „Влајко“ во општината.
- Започнавме со акција за уредување на надвозникот „Влајко“, како дел од тековните активности за подобрување на јавната хигиена во Карпош.
Овој премин секојдневно го користат учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“, затоа фокусот е ставен на создавање побезбеден и поуреден простор - нагласува Лукровски во објавата.
Слично
