Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започнаа реперкусиите - Турција нема да признава македонски дипломи поради „ФЕТО“

Започнаа реперкусиите - Турција нема да признава македонски дипломи поради „ФЕТО“

Турција реши да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа, а одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, е објавена во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември минатата година, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на сила на 11 февруари, информира sdk.mk.

Во Македонија студираат неколку илјади турски студенти на факултетите во Скопје, Битола и Штип. Неизвесно е што ќе се случи и со нивните дипломи ако не се промени одлуката.

Македонија и Турција имаа воспоставено соработка на образовен план со меѓусебно признавање на дипломите уште од 1998. Турската влада како што се претпоставуваше започна со реперкусии бидејќи од македонска страна сеуште нема интервенција врз организациите за кои постојат сомнежи дека се дел од прогласената терористичка организација „ФЕТО“ која наводно била дел од воениот пуч и е финансирана од прогонетиот турски проповедник Фетула Ѓулен. 

За реперкусиите за кои подолго време се стравува засега нема коментар од македонските власти.


Слично

Поврзани вести