Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна укинувањето на квотите за лекови, засега само на неколку места

Започна укинувањето на квотите за лекови, засега само на неколку места

Квотите за лекови од утре се укинуваат во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, онјави Венко Филипче, министерот за здравство. Мерката започнува на овие места затоа што има концентрација на туристи преку летото, додека останатите градови, односно општини, ќе дојдат на ред на есен.

Како што објасни Филиплче, на овие места укинувањето на квотите за лековите кои се добиваат од аптеките на рецепта се прави поради тоа што често туристите знаат наместо во своето место на живеење, услугата да ја бараат онаму каде што се на летување. На тој начин се намалува фондот на лекови за локалното население, односно мештаните да не можат да ги подигнат.

Филипче појасни дека Фондот за здравство утрово веќе го изменил правилникот и дополнително дека рецептите пациентите ќе може да ги подигнат само лично, односно со лична карта. Во туѓо име ќе може да се подигне само рецет за неподвижни лица.


Слично

Поврзани вести