Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна судењето: Тројца уапсени од протестите за „Монструм“ ја признаа вината

Започна судењето: Тројца уапсени од протестите за „Монструм“ ја признаа вината

Тројца од седуммината обвинети кои учествуваа во насилните протести во случајот „Монструм“, ја признаа вината и се извинија пред судијата. Додека другите  обвинети не го прифаќаат обвинението и се изјаснија за невини.

За учество во толпа се обвинети 7 лица - Бехар Далипи, Артан Садики, Фабио Идризи, Бесарт Калиши, Шабан Весели, Бетим Касами, Башким Сула.

Во салата се присутни и полицајци повредени на протестите. Но, сè уште нема информации за тоа кои полицајци фрлале камења кон демонстрантите и дали е поведена дисциплинска постапка против нив.


Слично

Поврзани вести