Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна судењето на Силвана Бонева за патните трошоци: Имам 6.967 докази и 28 сведоци

Започна судењето на Силвана Бонева за патните трошоци: Имам 6.967 докази и 28 сведоци

Денес започна судскиот процес што го води обвинителството против Силвана Бонева за фамозното фиктивно прикажување на патните трошоци како поранешна пратеничка. Таа го отфрла обвинението како невистинито и паушално.

„Во овој судски процес со приложените 6967 докази и 28 сведоци, ќе докажам и пред судот и пред јавноста дека обвинението поднесено против мене е невистинито и паушално, исто како што беа и големите лаги дека сум била рекордер во земањето на патни трошоци, големата лага дека сум купила станови со криминални пари и медиумскиот линч што со години беше спроведуван врз мене, врз основа на тие лаги“, напиша Бонева на Фејсбук.

Поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и извршувач на неколку други функции додава дека поднела и претставка до Народниот правобранител, кој врз основа на приложената документација, покренал постапка, како што вели таа, за заштита на нејзините права .

„Исто така ги информирав и Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ, повеќе амбасади и Коалицијата Сите за правично судење и побарав од нив да го следат судскиот процес. Досега добив одговор од Делегацијата на ЕУ, Mисијата на ОБСЕ и Коалицијата Сите за правично судење дека ќе го следат случајот од аспект на почитување на законите и правото на фер и правично судење. Борбата за правдата и вистината продолжува!“, објави Бонева.


Слично

Поврзани вести