Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна сослушувањето на родителите на жртвите од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Започна сослушувањето на родителите на жртвите од пожарот во „Пулс“ во Кочани

Основното јавно обвинителство информира дека од денес започнува сослушувањето на родителите на 62-та жртва во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

- Сослушувањата на законските застапници на сите жртви во пожарот во кочанската дискотека "Пулс" започнаа денеска и се одвиваат со предвидената динамика, во обвинителствата во Кочани, Штип и Скопје согласно распоредот кој беше утврден директно со семејствата на жртвите во соработка со организацијата "Support Kocani", информира ОЈО.

За една недела се очекува да заврши истрагата за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека во Кочани на 16 март, во кој загинаа 62 младинци и деца.  Кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука.

За дејства во време на пожарот од актуелни функционери осомничени се само двајца, градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов кој поднесе оставка на 17 март и актуелниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Џеват Селами. 

Слично

Поврзани вести