Започна собирањето потписи: Познато кои тројца кандидати ќе одат самостојно на претседателски избори
Амди Бајрам, Филип Петровски и Самка Ибраимоски се тројцата јандидати кои самостојно ќе се вклучат во трката на претседателските избори на пролет и од вчера започнаа со собирањето на потребните 10.000 потписи.
Петровски се одлучи на ваков чекор откако не ја доби довербата на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во саботата во Струга. Амди Бајрам многу порано најави дека ќе се испроба и на овие избори, по неговото големо искуство во парламентарните и локалните. Ибраимоски потоа наведе дека ќе оди во директен дуел со Бајрам за да се пресмета со ривалот во тоа кој ќе добие повеќе гласови.
Слично
