Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна сезоната: Пожар навлезе во село Пелинце

Започна сезоната: Пожар навлезе во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја информира јавноста дека денеска во 14:16 часот, на единствениот повикувачки број за итни случаи е-112, беше добиена пријава за пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано Мало Миџунци.

Според пријавата, беше зафатена сува трева и дел од нискостеблеста шума, а пожарот за многу кратко време се прошири и навлезе во селото, при што беше опожарена една куќа. Дополнително, беше посочено дека во селото живеат неколку повозрасни лица, поради што веднаш беше побарана итна интервенција.

Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше локализиран за неполн час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен се подготвени за повлекување.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат претпазливи при движење во природа и да не палат отворен оган, со цел спречување на вакви инциденти.


Слично

Поврзани вести