Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна седницата на Советот за безбедност, Заев побара техничката Влада да продолжи да работи

Започна седницата на Советот за безбедност, Заев побара техничката Влада да продолжи да работи

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред почетокот на седницата на Советот за безбедност, цени дека од денеска треба да биде продолжена вонредната состојба во државата и дека техничката Влада се однесувала до сега одговорно иако се поминати 100 предизборни дена од претходно предвидените.

„За да продолжи ефикасното справување со кризата, потребна е одлука за вонредна состојба. Во ситуација кога Собранието е распуштено, Владата, преку механизмите што ги има на располагање и преку уредби со законска сила ќе може навремено и темелно да реагира, како досега.
Ценам дека Владата покажа одговорно однесување во вонредната состојба носејќи мерки и уредби исклучиво во интерес на граѓаните и справување со состојбите. Токму вонредната состојба даде можност за спроведување на брзи и ефикасни мерки во насока на спречување на ширење на коронавирусот, заштита на здравјето и справување со економските последици.
Да не заборавиме - ова е борба за највредното, човечкиот живот. Справувањето со коронавирусот бара сериозна посветеност од институциите, но и од нас како поединци. Да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките и задолженијата од надлежните институции и на тој начин секој од нас да придонесе за побрзо надминување на заканата што ја носи коронавирусот“, објави Заев.

Инаку кај претседателот Стево Пендаровски во тек е шестата седница на Советот за безбедност посветена на справување со пандемијата на Кови-19 во нашата земја на која треба да биде одлучено за продолжување на вонредната состојба.

На истата не присуствуваат, иако беше најавено, техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче. Првите двајца вчера беа во контакт со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој пак денеска објави дека е заболен од корона вирусот.


Слично

Поврзани вести