Започна ревизијата на судската пресуда за „Диво Насеље“
Апелациониот суд на 12 септември официјално ја започна ревизијата , односно постапката за обжалување на судската пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово каде што на 9 и 10 мај 2015 година во престрелки беа убиени 8 припадници на полицијата и 10 припадници на групата која се претстави како Ослободителна национална армија.
Станува збор за одлука во која 38 лицата обвинети за кумановската престрелка, четворица се ослободени, осуммина се осудени на доживотен затвор, а останатите добија вкупно 746 години затвор.
Датумот на судското рочиште се уште не е закажан и засега се разгледуваат само техничките аспекти на жалбите на обвинетите. Потоа второстепениот суд ќе побара мислење од Вишото јавно обвинителство за потоа да се закаже и првото јавно рочиште.
Алсат М од извори во судот дознава дека за судија на предметот е определена Цветанка Периќ во јавноста позната како судијка во предметот против поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Тенк“. Инаку, Периќ е позната како една од судиите која заедно со двајца нејзини колеги одредиле мерка притвор против поранешниот агент на УБК, Горан Грујоски.
