Започна протестот пред судењето на таткото на малиот Алмир
Денеска пред Основниот суд во Куманово се одржува протест заради, како што велат организаторите, неправдата направена врз таткото на малиот Алмир, кој беше прегазен од Бобан Илиќ, и неговиот чичко, инаку учесници во претходна тепачка во кумановската болница.
„Овој протест ќе треба да ја подигне свеста дека граѓаните ќе мора еднаш засекогаш да се чувствуваат безбедно и рамноправно пред секој закон и суд. Сите сме еднакви и сите заслужуваме владеење на правото“, гласи повикот.
Случајот со затворањето на родителот на малиот Алмир ги докажува фашистичките постапки на владата преку заробениот суд. За жал, дури и со владиното „општество за сите“, Албанците сè уште страдаат од времето на антиевропскиот и антиалбанскиот груевизам, додаваат од таму.
