Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна процедурата во САД за ратификацијата на приемот на Македонија во НАТО

Започна процедурата во САД за ратификацијата на приемот на Македонија во НАТО

Започна легислативната процедура за ратификација на Протоколот за прием на Македонија како 30-та членка на НАТО во САД, најави министерот за надворешни работи Никола Димитров во Вашингтон каде што се одржува Самитот по повод 70-годишнината од Алијансата.

- Тоа што веќе администрацијата го пренесе предметот во Сенатот, и тоа за прилично брзо време, е голема работа. Увидов дека има волја и кај Републиканците и кај Демократите. Мислам дека нашиот план да станеме полноправна членка до НАТО-самитот во Лондон во декември е реален.

И Мајк Помпео, државниот секретар на САД, изрази задоволство што минатата седмица до американскиот Сенат е поднесен документот за ратификација на протоколот за членство на земјата во НАТО

За тоа дали е потребно лобирање за да се забрза ратификацијата и кај другите членки на НАТО кои што не го направиле тоа, Димитров вели дека брзањето ќе го поттикнува свеста кај другите дека долго време Македонија тропа на вратата на Алијансата.

- Добро ни оди динамиката и мислам дека планот ќе ни успее до декември - рече Димитров во Вашингтон.

За користа, но и обврските кон Алијансата, навести: „Реално е, а и` цврсто стоиме зад таа заложба да го достигнеме тој праг од 2% од ГДП за целосна партиципација во заедничкиот буџет на НАТО до 2024-та, најави првиот човек на дипломатијата на Северна Македонија за Гласот на Америка на македонски.

Слично

Поврзани вести