Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк
Започна постапката за прогласување на Шар Планина за Национален парк и за Осоговски Планини за заштитено подрачје од 5-та категорија, информираат од Владата по 49-та седница.
Владата на денешната 49-та седница, ги разгледа и усвои Информациите за потребата, како и одлуките за прифатливост за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II - Национален парк и за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, тргнувајќи од јасна политичка волја и определба да се стават под заштита природните убавини и реткости.
За реализација на оваа одлука Владата го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по овие предлози и конечниот предлог да го достави до Владата за разгледување и усвојување, најдоцна до крајот на месец септември 2020 година.
