Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила

Започна постапката за изградба на споменици на Карпалак, Вејце и Љуботенски Бачила

Министерството за одбрана објави дека е започната постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

Ова го најави претходно министерката за одбрана Славјанка Петровска со претходно упатени барања до општините каде што треба да се изградат спомениците, но не наиде на позитивен одговор. Затоа, Владата на седницата во четвртокот донела заклуок местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе започната и е во тек.

„Со оглед на обидот на градоначалниците на  општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации“, објави МО.


Слично

Поврзани вести