Започна отстранувањето на владината ограда
Екипи претпладнево започнаа со отстранување на оградата околу владината зграда, по донесувањето на таква одлука на владина седница пред неполни два дена.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, вчера потврди дека нема да се трошат државни пари за отстранувањето и дека тоа ќе го направат веќе редовно ангажирани служби. Столбовите ќе останат, а треба да се тргнат само металните решетки.
Владата го најави ослободувањето на просторот уште по стапувањето на новата власт пред година и пол.
Слично
