Започна наплата на три услуги на Онкологија
Започна најавената наплата преку партиципација на три здравствени услуги на Клиниката за Онкологија во Скопје. Од први овој месец пациентите плаќаат партиципација за прегледи, лабораторија и пункции.
– Согласно насоките добиени од Министерството за здравство и Фондот за здравство, обврзани сме да наплатуваме партиципација – објаснува Нино Васев, директор на Клиниката за онкологија.
Тој потенцира дека партиципациите се минимални, како и во другите здравствени установи во земјата.
– И ревизорите имаа сериозни забелешки затоа што не се наплатувала оваа партиципација во изминатите години – вели Васев.
Зрачната терапија, хемотерапијата и хормонската терапија и понатаму ја добиваат без партиципација.
Слично
