Економија, финансии, бизнис

Контакт

Започна изградбата на автопатот Миладиновци-Штип

Започна изградбата на автопатот Миладиновци-Штип
Од Скопје до Штип ќе се стигнува за половина час, откако за три години ќе биде завршен новиот автопат Миладиновци-Штип. Кај местото викано „Три чешми“ кја Штип денеска беше поставен камен-теменик на новата автопатска делница, која ќе биде долга 47 километри. „Денеска е историски ден за Источна Македонија.  Проектот за кој долго се зборуваше почна со реализација, денеска почнуваме да го градиме. Февруари 2014 година ќе остане забележан како датум да се гради првиот автопат во Источна Македонија“, рече премиерот Никола Груевски. Владата почна со реализација на проектот уште од 2007 година со донесување на потребната документација и барање концесионер, а во 2012 година почнаа преговорите со кинеската Влада за добивање поволен кредит за изградба на автопатот. Проектот се реализира  со кредит од кинеската Ексим банка во износ од 206 милиони евра, со рок на исплата 20 години, 5 години грејс период и 2 проценти камата. Согласно договорот на оваа делница градежните работи кои ќе ги изведуваат македонските компании е минимум 49 проценти, а вкупниот број на македонски градежни работници што ќе се ангажираат од страна на изведувачите и подизведувачите е најмалку 51  процент од вкупниот број. Новата автопатска делница ќе ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпоратион Лимитед“, а компанијата ветува дека граѓаните на Источна Македонија ќе добијат квалитетен автопат. Според вицепремиерот Владимир Пешевски новиот автопат има големо економско значење - ќе овозможи брза комуникација и транспорт на производите од источна Македонија, како и развој на туризмот во источниот дел на земјата. Утре почнува изградбата и на автопатот од Кичево до Охрид, кој исто така ќе се гради со кинески кредит. Фото: МИА
Слично

Поврзани вести